Екипата на Денвер дури во третиот настап во новата сезона од ЕНБИЕЈ-лигата конечно стигна до првата победа. Во неизвесен меч на кој мораше да се игра и продолжение од пет минути, Нагетс победи со сто дваесет и седум сто двесет и пет на гостувањето кај Торонто.
Денвер цели единаесет години немаше почнато сезона со три порази по ред, а да не биде така и сега, се погрижи Никола Јокиќ. Српскиот центар постигна четириесет поени, а имаше и десет скока, но голема заслуга за победата на Денвер има и Џемал Мареј, кој на нула запирка три секунди до крајот на регуларниот дел постигна акробатски кош за продолжение. Мареј на крајот имаше седумнаесет поени, девет скока и седум асистенции.
