Јагелонија, тимот на Дарко Чурлинов, го победи молдавскиот Петрокуб со два нула во второто коло од Конференциската лига. Стрелец на двата гола за полскиот тим беше Пулулу, а Чурлинов беше стартер и играше до седумдесет и осмата минута.
Борац Бања Лука на Дамјан Шишковски и Бобан Николов оствари триумф од нула еден на гости кај АПОЕЛ на Кипар. Николов доби шанса во педесет и осмата минута, а Шишковски остана на клупата за резерви. Австриецот Стефан Савиќ во шеесет и третата минута го постигна победничкиот гол за Борац Бања Лука.
