По комплетирањето на третото коло во новиот формат од Лигата на шампионите, табелата делува по малку необично. Астон вила, која повеќе од четириесет години не била дел од елитното европско друштво, е лидер на триесет и шесте екипи. Тимот од Бирмингам има максимални девет бода и уште нема примено ниту еден гол.
Зад Астон вила следуваат уште два клуба од Премиер лигата. Ливерпул исто така е перфектен со девет бода, а Манчестер сити е трет со седум бода. Место во Топ осум за екипите кои ќе обезбедат директно место меѓу најдобрите шеснаесет има и за француските екипи Монако и Брест, за германскиот првак Баер Леверкузен, за италијанскиот шампион Интер и за португалскиот Спортинг Лисабон. Необично делува меѓу најдобрите да нема ниту една екипа од Шпанија.
