Започна изградбата на најголемиот мегапарк на територија на општина Гази Баба, кој ќе се простира на површина од 10.000 метри квадратни во новата населба Хиподром 2, објави градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски во видеообраќање на социјалните мрежи.
„Градиме нов мега парк на површина од 10.000 метри квадратни. Продолжува нашата грижа кон животната средина, а дополнително создаваме простор на на кој граѓаните ќе имаат можност да спортуваат и рекреираат“, изјави градоначалникот Стефковски.
Покрај зелената површина и урбаната опрема во паркот ќе се засадат и нови садници на дрва, а ќе се изгради и спортски терен за кошарка, како и фитнес зона на отворено.
“Ова не е прв голем парк кој општина Гази Баба го гради. Изминатиот период нови зелени паркови се изградија во Триангла и Ченто“, истакна Стефковски.