домаЛОКАЛНИ ВЕСТИЗА ЕДНА НЕДЕЛА САНКЦИОНИРАНИ 147 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛАНА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

ЗА ЕДНА НЕДЕЛА САНКЦИОНИРАНИ 147 НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИ ВОЗИЛАНА ТЕРИТОРИЈА НА ОПШТИНА ЦЕНТАР

За една седмица на територија на општина Центар биле санкционирани вкупно 147 непрописно паркирани возила.
Имено, во периодот од 21.10 до 27.10.2024 година ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје, со помош на специјалните возила Пајак отстраниле вкупно 147 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот , известија од ПОЦ.

Од ЈП ПОЦ и Општина Центар апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги паркираат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално и непречено движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Ден 18 април 2025

00:01:17