Во пресрет на Денот на Општината – 3 Ноември, Општина Карпош организира традиционална крводарителска акција.
Граѓаните од општина Карпош, но и други општини од градот, кои се традиционални дарители или сакаат да даруваат крв, тоа ќе може да го сторат во четврток (31.10.2024) од 9 до 17 часот, во спортската сала на ООУ „Јан Амос Коменски“ (населба Тафталиџе 1).
Локалната самоуправа, традиционално одржува крводарителски акции, еднаш на пролет, и еднаш на есен, поттикувајќи ги на тој начин и вработените во Општината, како и граѓаните на Општина Карпош да даруваат крв, и да бидат хумани.