Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, изврши увид во работите за уредување на зелена површина во Капиштец, од Беверли Хилс до ТЦ Зебра. Проектот опфаќа озеленување на 7.840 м², реконструкција на патеки, поставување урбана опрема и ЛЕД осветлување. Финансиран е од Владата со 24.780.000 денари и реализиран на барање на жителите.
