Претстојната сабота (02.11.2024) во организација на општина Карпош, по повод одбележување на 48 годишнината од формирањето на локалната самоуправа, на плоштадот „Делфина„ во населба Влае ќе се одржи собир на олдтајмери – автомобили.
Изложбата е предвидено да трае во периодот од 10 до 13 часот.
- Во оваа пригода ги повикуваме на дружба сите љубители на класични возила, да присуствуваат на манифестацијата и да уживаат во прекрасната атмосфера меѓу изложените безвременски авто-експонати, стои во соопштението од општина Карпош.