Во скопската населба Кисела Вода денеска се отвори најголемиот шаховски парк во Македонија, со површина од 4000 м². Паркот е изграден на местото на поранешна дива депонија и опремен со шаховски маси, урбана опрема и зелени површини. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека овој проект е резултат на соработка со Шаховската федерација на Македонија, создавајќи простор за рекреација, когнитивен развој и дружење за сите генерации.
