домаЛОКАЛНИ ВЕСТИОПШТИНА ИЛИНДЕН ДОБИ НОВО ВОЗИЛО ЗА СОБИРАЊЕ КОМУНАЛЕН ОТПАД

ОПШТИНА ИЛИНДЕН ДОБИ НОВО ВОЗИЛО ЗА СОБИРАЊЕ КОМУНАЛЕН ОТПАД

Возниот парк на ЈКП ,,Илинден’’ доби ново, специјално возило.

Имено, Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска присуствуваше на промоцијата на новото комунално возило на ЈКП „ Илинден“ за собирање на комунален отпад, пришто повторно е подновен возниот парк на претпријатието.

Како што истакна градоначалникот Георгиевски специјалното возило за собирање на комунален отпад е со капацитет од 21м3, и ќе ги замени старите и дотраени возила наменети за собирање на комунален отпад низ населените места во Илинден. Тој додаде дека врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа е подобрување на квалитетот на услугите, а со набавката на комунални возила ќе се подобри квалитетот на услугите кои ги врши Јавното претпријатие, како и ефикасноста на вработените.

Возниот парк во ЈКП „Илинден“ континуирано се обновува, такашто во изминатиот период досега претпријатието има набавено четири комунални возила и една градежна машина со приклучна механизација за косење и кастрење на вегетација, Мулчер – стои во соопштението од општина Илинден.