Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство по повод започнувањето на изградба на ново основно училиште, кое ќе биде капацитет за над 700 ученици. Тој ја поздрави поддршката од градоначалникот и локалната администрација и истакна дека Владата и Министерството за образование продолжуваат да вложуваат во капитални инвестиции. Мицкоски нагласи дека образованието е основа за развој на децата и темел за иднината на државата, со очекување новата зграда да биде завршена за две години.
