Општина Гази Баба започна мерења на концентрацијата на цврсти честички од 2,5 микрометри на две локации: урбана (Железара) и рурална (Јурумлери) средина. Мерењата ќе се изведуваат континуирано во текот на 10 дена во сите сезони за анализа на квалитетот на воздухот. По завршувањето на мониторингот, ќе биде изработен извештај со предлог-мерки за подобрување на амбиенталниот воздух.
