домаЛОКАЛНИ ВЕСТИЛАЖНА ПРИЈАВА ЗА БОМБА ВО ,,КРОМБЕРТ И ШУБЕРТ’’ ВО ТИРЗ – СКОПЈЕ

ЛАЖНА ПРИЈАВА ЗА БОМБА ВО ,,КРОМБЕРТ И ШУБЕРТ’’ ВО ТИРЗ – СКОПЈЕ

Утринава е пријавено дека во фабриката ,,Кромберт и Шуберт’’ во скопската населбa Илинден стигнала информација на службениот меил дека е поставена експлозивна направа.

– Утрово околу 08:20 часот во СВР Скопје, вработена во правно лице, населба Илинден пријавила дека на службениот меил на правното лице, во 06:00 часот утринава стигнала порака дека во фабриката е поставена експлозивна направа. Откако биле направени сите потребни прверки се укажало дека не била пронајдена експлозивна направа и константирано е дека станува збор за лажна пријава, стои во соопштението од МВР.

Лажната дојава за бомба во „Кромберт и Шуберт“ во скопската Технолошко развојна зона ги вознемирила вработените, па утрово сите го напуштија објектот додека траеја проверките.

Инаку, ваквите лажни дојави за бомби, се неретка појава во скопскиот регион.

Само изминатата година имаше многубројни лажни дојави, посебно во скопските основни и средни училишта.

Ден 18 април 2025

00:01:17