Во текот на изминатата ноќ екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје спроведоа низа активности за чистење на Старата скопска чаршија.
Во рамките на активностите било извршено и рачно метење и чистење на пешачкиот мост лоциран на самиот влез на Чаршијата (поранешна Стоковна куќа „Мост“), каде што се подигнати и приближно два кубни метра непрописно одложен отпад, извести „Комунална хигиена“ – Скопје.
И во претстојниот период ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжи да спроведува засилени активности за одржување на максималното ниво на хигиената и чистотата на Старата скопска чаршија, која претставува една од најпосетените туристички атракции на градот Скопје, се додава во соопштението.