домаЛОКАЛНИ ВЕСТИКИРКОВ: ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ВО ИЗМИНАТИВЕ ТРИ ГОДИНИ Е ВО НАЈЛОШАТА МОЖНА СОСТОЈБА

КИРКОВ: ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ВО ИЗМИНАТИВЕ ТРИ ГОДИНИ Е ВО НАЈЛОШАТА МОЖНА СОСТОЈБА

На седницата на Советот на Град Скопје, советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Кирков, истакна дека животните во зоолошката градина не се виновни за тоа што им се случува заради неспособноста на кадрите на градоначалничката Арсовска.

„На ова раководство на градот и на зоолошката градина се бројат деновите и месеците. Било кој да дојде потоа јас сум уверен дека веднаш ќе настане една револуција во скопската зоолошката градина, затоа што било кој градоначалник после оваа градоначалничка ќе си го сака многу повеќе Скопје од неа“, нагласи Кирков.

Советничката на СДСМ во Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, порача дека лошите состојби во Зоолошка градина се нешто ново, а не стара состојба. Со изгласување на оставките на Управниот одбор, Зоолошката ќе остане без орган на управување и тоа според неа е клуч на врата.

Според неа, Советот има одговорност за состојбата во Зоолошка градина.

„Укажувавме дека имаме директори кои законски не смеат да бидат в.д. директори, не слушнав од членовите на Советот кои не се партиски определени – аргумент да нѐ поддржат дека вршителот на должност е противзаконски поставен, траеше тоа еден или два мандати“, додаде Јанчева.