Од вчера (28.10.2024 година) стартуваше новиот начин на плаќање на билет за едно возење со ЈСП преку бројот 185, со СМС порака.
Цената на билетот не се менува и останува 40 денари со вклучен ДДВ.
Начинот за новото плаќање е следен:
Патникот од својот мобилен телефон врти на бројот 185 при што слуша сигнал и говорна порака “Купивте билет за едно возење со цена 40 ден.
При вртење на бројот 185 не е потребно телефонот да се приближува до валидаторот.
Наплата се врши во истиот момент кога корисникот го завртил бројот 185 и го слушнал “бип“ сигналот без разлика дали е докрај исслушана говорната порака.
На мобилниот телефон стигнува потврдна СМС порака во која ќе пишува “Купивте билет за едно возење со цена 40 ден. во HH:MM“.
Доколку патникот има проблем со телефонската сметка можно е да ги добие следниве пораки:
“Трансакцијата е неуспешна, немате доволно средства на вашата сметка“
“Трансакцијата е неуспешна, имате активирано забрана, јавете се кај вашиот оператор”
“Веќе купивте возен билет, обидете се подоцна”
“Трансакцијата е неуспешна поради технички причини”
“Трансакцијата е неуспешна, имате надминат лимит за користење на оваа услуга”
Воедно, од ЈСП ги информираат корисниците на услугите дека функционирањето на старата мобилна апликација “Skopska” ќе биде прекинато и истовремено почнувајќи од 30.10.2024 година ќе биде пуштена во функција новата мобилна апликација ”Skopjebus”.
Истата, може да се превземе преку мобилните апликации Play Store за корисниците на Android уред и App Store за корисниците на iPhone.