ЈСП Скопје потврди дека се појавила лажна вест со фалсификувано логото на електронската картичка „Скопска”. Групата „Карта за јавен превоз на Скопје”, која ја објавила информацијата на социјалните мрежи, не е поврзана со ЈСП. Од ЈСП Скопје предупредуваат дека се работи за измама со лажен линк кој краде податоци од платежните картички на граѓаните.
