домаЛОКАЛНИ ВЕСТИГЕРАСИМОВСКИ ВРАЧИ 33 СТИПЕНДИИ ЗА ИЗВОНРЕДНИ УСПЕСИ ВО ОБЛАСТА НА НАУКАТА,ТЕХНИКАТА И...

ГЕРАСИМОВСКИ ВРАЧИ 33 СТИПЕНДИИ ЗА ИЗВОНРЕДНИ УСПЕСИ ВО ОБЛАСТА НА НАУКАТА,ТЕХНИКАТА И ПОСЕБНИТЕ ВЕШТИНИ

Општина Центар додели 33 стипендии на учениците од основните училишта за постигнатите резултати на државните и меѓународни натпревари, со цел да ги поддржи и мотивира за понатамошен напредок во науката, техниката и посебните вештини.
„Го препознаваме талентот кај нашите млади и инвестираме во развивање на нивните способности. Вложувајќи во нивниот потенцијал, вложуваме во прогресот и иднината“ истакна градоначалникот Горан Герасимовски, кој лично им ги врачи стипендиите на учениците на свечената приредба организирана во ООУ „Киро Глигоров“ по повод Денот на општината.
На настанот беа доделени и пофалници за најдобрите ликовни и литературни творби на тема „Мојот Центар, мојот мал свет“.
Покрај стипендиите за наука, техника и посебни вештини, вчера Герасимовски врачи и 46 стипендии на надарените ученици од областа на културата.
Општина Центар ќе продолжи да вложува во стипендирање на учениците со постигнати резултати на градски, републички и меѓународни натпревари, бидејќи тоа е влог во иднината и просперитетот – велат од општината.

Ден 20 март 2025

00:01:17