домаЛОКАЛНИ ВЕСТИЕДНОГЛАСНО ДОНЕСЕНИ СИТЕ ОДЛУКИ НА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА

ЕДНОГЛАСНО ДОНЕСЕНИ СИТЕ ОДЛУКИ НА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА КИСЕЛА ВОДА

Советот на Oпштина Кисела Вода денеска едногласно ги донесе сите одлуки на четириесет и петтата пленарна седница. Со гласањето за, се овозможи ребаланс на Буџетот за 2024 година, односно се обезбедија средства во износ од 140.954.076,00 денари за капитални проекти од повикот на Владата, информираат од Општината.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски им се заблагодарил на сите советници за покажаното единство, нивната поддршка и конструктивен пристап за доброто на граѓаните и иднината на општина Кисела Вода.
Ѓорѓиевски потсети дека вчера биле склучени два договори со Министерството за транспорт и врски и еден договор со Министерството за животна средина и просторно планирање.
-За само еден ден од потпишувањето на овие договори, општина Кисела Вода е првата општина која веднаш ги вклучи во нашиот Буџет со цел да не се изгуби дополнително време при реализација на истите. Согласно динамиката и времето во кое ги добивме овие средства, се предвидува да бидат завршени во 2025 година, а истите денеска беа изгласани како развојни програми на општината и тоа: реконструкција на постојна улична мрежа коловоз на улица “Ѓорѓи Димитров”, Реконструкција (рехабилитација) на коловоз изработка на тротоар за патот кон манастир “Пеленица’’, проект за уредување и изведба на потпорни ѕидови на речно корито на реката Мала Рада ’’Дополнително обезбедена е донација во ООУ “Невена Георгиева Дуња” преку програмата Еразмус, истакнал градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Ден 18 април 2025

00:01:17