домаЛОКАЛНИ ВЕСТИУАПСЕНИ ДВЕ ЛИЦА ЗА ДРОГА ВО КАРПОШ И ЧАИР

УАПСЕНИ ДВЕ ЛИЦА ЗА ДРОГА ВО КАРПОШ И ЧАИР

Во текот на вчерашниот ден уапсени две млади лица за дрога на подрачјето на Скопје.

Имено, на 28.10.2024 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР го лишиле од слобода Л.П.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, извести полицијата.

– На 27.10.2024 во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Б.(23) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР за другиот случај.