домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАЗБУКА НА СКОПЈЕ - ЈОСИФ БАГЕРИ/ЈАПОНСКА ЦРЕША

АЗБУКА НА СКОПЈЕ – ЈОСИФ БАГЕРИ/ЈАПОНСКА ЦРЕША

  • Јосиф Багери (с. Нистрово, Горна Река, Гостиварско, 1870 – Приштина, 1916) бил католички свештеник, еден од најистакнатите албански културни дејци од почетокот на XX век. Во почетокот на 20 век активно учествувал во просветувањето на албанското население во реканскиот регион и пошироко. Како културен и просветителски деец, дејствувал во Софија, Дебар, Скопје, Драч и во Приштина, каде се упокоил во 1916 година. Во негова чест, една дебарска улица го носи неговото име, а според проектот Скопје 2014 се изгради негов до новиот театар на кејот на Вардар. Споменикот на Јосиф Багери и Пјетер Богани, според договорот од 2012 година го изработи италијанската леарница „Гуастини“.
  • „Јапонска цреша“, ја краси улицата Максим Горки. Дрворедот со јапонски цреши се еден од пролетните симболи на Скопје, а во април блескаат со целата своја магична заводливост. Богатиот цвет на цреша кој е еден од најубавите во природата, како и прошетката по паднатите ливчиња создаваат несекојдневно чувство кај минувачите, односно граѓаните на Скопје. Првите дрвја од овој вид беа засадени пред десетина години. Градот Скопје во изминатите години засади околу 300 садници од ова листопадно дрво на територијата на Скопје. Во Јапонија, каде што се познати како сакура. Во таксономијата на растенијата, сакура и сите нејзини сорти припаѓа на семејството на цветни растенија наречено „Rosaceae“. Тука се вклучени розите и цветовите од цреша, поради што овие растенија се поврзани. Иако сакура е неофицијален национален цвет на Јапонија, оваа источноазиска земја не е главна кога станува збор за овие видови. Таа титула му припаѓа на градот Мејкон во американската сојузна држава Џорџија, дом на 350.000 дрвја. Првите јапонски дрвја сакура биле дадени како подарок на САД и биле засадени во 1912 година.

Ден 18 април 2025

00:01:17