Основачи на Македонската Револуционерна Организација Автор на споменикот е велешкиот скулптор Ангел Коруновски.На 23 октомври 1893 година во Солун се одржал состанок во кој учествувале д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи, Антон Димитров и домаќинот на средбата Христо Батанџиев. Била разгледана и опцијата самата османска власт да ја подобри положбата на христијаните преку реформи, но се согласиле дека тоа е невозможно. Откако ја отфрлиле оваа опција, едногласно се согласиле да се формира револуционерна организација.
Основачи на ВМРО Споменикот на основачите на ВМРО се наоѓа во Жена-парк и во близина на Собранието на Македонија. Споменикот е посветен на шестемина основачи на Македонската револуционерна организација: Даме Груев, Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Андон Димитров и Христо Батанџиев. Споменикот е изграден со одлука на општина Центар, а е идејното решение е на скулптурот Ангел Коруновски.
