Оревот пред хотел Бристол Познатата англиска писателка и патописец Сисилија Изабел Ендрус, позната под псевдонимот Ребека Вест, неколкупати ја посетила Македонија и престојувала во Скопје во периодот меѓу двете војни. Нејзината книга “Црното јагне и сивиот сокол” се здобила со голема популарност и надвор од границите на Англија. На патувањата на Ребека Вест ја придружувал познатиот српски интелектуалец од еврејско потекло Станислав Винавер, кој во книгата се појавува под псевдонимот Константин.Ребека и Константин пристигнале во Скопје една пролетна квечерина во 1936 година. Помеѓу Ребека Вест и нејзиниот придружник Константин се развила врска која, се чини, била нешто повеќе од пријателство. Токму со таа скопска љубов е поврзан и еден куриозитет, за кој знаат малкумина скопјани. Имено, во денешната бавча на хотелот “Бристол” постои еден огромен орев со прекрасна круна, која фрла дебела сенка во околината. Овој орев е, всушност, љубовен дар, плод на една љубовна врска. Таа бавча на ресторанот и денес е една од најубавите во Скопје, токму поради стариот орев. А ресторанот го зачувал некогашниот боемски шмек, со специфичниот амбиент и кујна. Овој орев е, всушност, љубовен дар, плод на една љубовна врска. Спомен на скопската ноќ која писателката ја минала со нејзиниот придружник во хотелот “Бристол”. Засадувањето на оревот и романтичната љубовна приказна убаво се опишани од нашиот писател Петре Бакевски, во неговиот роман “Црно јагне, див Балкан”.
Орман е село во Општина Ѓорче Петров, во областа Скопско Поле, во околината на градот Скопје. Селото се наоѓа непосредно на десниот брег на реката Лепенец при неговиот излез од Качаничката Клисура. Покрај селото поминува железничката линија Скопје-Урошевац. Мештаните со вода за пиење се снабдувале од бунари во селото, но и од изворот Брес во атарот на селото. Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Змијарник, Трлиште, Црвеница, Брес, Ливадиште, Пржини Ниви, Воденичиште, Средорек, Преку Јаруга, Метлиште, Лески, Коњушница, Желкарник, Стара Крушка, Чатал и Ограѓе. Барица е населба од неолитското време. На просторот на базиликата и околу неа се откриени траги од населба од железното време. Наодите од раноантичкото време се: столб со натпис посветен на Јупитер и Јунона, како и делови од надгробни споменици. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.
