Одигран е првиот официјален натпревар во фудбал На 9 април турски офицери на школување во западноевропските земји на импровизираното игралиште на полјанката зад некогашната Учителска школа во скопската населба Ислахане (Идадија) го одиграле првиот натпревар меѓу себе. Овој датум е прогласен за Ден на македонскиот фудбал. Тогаш топката првпат тргнала од центарот и почнало испишувањето на историјата на македонскиот фудбал. Средбата е одиграна на игралиштето „Ислахаме“ (Идадија) кое се наоѓало пред влезот на Градскиот парк во дворот на неогашната учителска школа. Резултатот, имињата на играчите и на судијата не се познати, не се забележани никаде, но според раскажувањата на најстарите скопјани, кои веќе не се живи, овој натпревар, како прв фудбалски во Скопје бил вистинска атракција. Се знае единствено дека денот бил мошне студен, играчите на полувремето морале да облекуваат шинели за да се стоплат. Во чест на тој натпревар и како спомен за него, како и по повод – 70 години фудбал во Македонија, во 1978 година беше подигнат споменик, Две години подоцна, во 1911, е формиран првиот фудбалски клуб во Македонија, под име Ускип (Скопје), претходница на СК Вардар во 1912 година, на Пелистер од Битола во 1914 и на Војновиќ во 1915 година.
Одржана е прва филмска проекција во кафеаната „Англетер“. Првата јавна кинопроекција во светот била во Париз, во 1895 година. Ја организирале браќата Лимиер. Меѓу првите филмски проекции во Скопје ги организирал Милан Голубовски, во салата на хотелот „Англетер“ (подоцнежен „Париз“). Својот мал проекциски апарат го набавил во Виена, а гостувал и во куќите на угледни скопски семејства и одржувал проекции во повеќе градови. Но, за жал, со таа дејност престанал да се занимава во 1909 година, по пожарот во хотелот „Англетер“, кој бил предизвикан од запаливата филмска лента. Само 17 години подоцна и Скопје го добил своето прво кино. Станува збор за првата киносала воопшто во земјава, кое се викало „Вардар“ и било изградено во Скопје во 1912 година. Било сместено на местото на денешниот Дом на армијата и имало капацитет од дури 500 седишта, што многу киносали во земјава сè уште не можат да си го замислат. Kиното „Вардар“ било сместено во барака специјално изградена за таа намена, чии први сопственици биле Мика Ѓорѓевиќ и Љубо Јанковиќ, но набрзо сопственици станале Салваторе Мусафија и Моис Асео, скопски индустријалци застапници на англискиот „Лојд“ и дистрибутери на филмови. Kиното работело до 1927 година, кога изгорело во голем пожар.
