домаГУГУТКА ГУГАГугутка Гуга - Малесија - Женска носија

Гугутка Гуга – Малесија – Женска носија

МАЛЕСИЈА – ЖЕНСКА НОСИЈА

Женската носија во Малесија ја сочинуваат: кошила, грлинка, калчини, скутник, клашеник, џубе, чорапи, опинци, прцле, сокај, гајтан, префрлач, забрадки, дулак и накит.

Кошулата е изработена од бело конопно платно, со вез на ракавите, предниците, корилот и долниот околен ден. Во везовите се забележуваат бои како алена, ѓувезна, сина, зелена, црвена и црна. Се разликувале по својата намена, везбената техника и мотивите.

Грлинка е четириаголно парче од бело платно, наменето за покривање на градниот дел. Украсено е со вертикални шарки од црн конец.

Калчини се плетени полуракави, со должина од шаките до лактите.

Скутникот е ткаена скутина, составена од две вертикални дипли. Долга е до средина на листовите. Украсена е со хоризонтални, вткаени редови и ситни мотиви “пилиња”.

Клашеникот е горна, безракавна облека. Изработен е од бела клашна, а украсен е со апликација од борно и црна чока, бела срма, гајтани и реси.

Џубето е горна, безракавна, подпојасна облека. Невестинското било изработено од бела клашна и било украсено со бели и црвени гајтани. Се зсбелажало и џубе од црна клашна, украсено со сини гајтани, а прошарано и со бел и црвен гајтан

Чорапите биле плетени. Зс неведти во алена боја, за средна возраст шарено со црно, свекрвите носеле исти такви чорапи. За постара возраст се носеле црни чорапи.

Опинците се изработувале од свинска или говедска кожа. Кондури носеле само поимотните.

Прцлето е изработено од црна, сукана волна. Го носеле верени жени и невести, до 3 години по свадбата. Се носело под марамата. Се прикачувало позади за клашеникот и должината му достигнувала 20-30 цм под него.

Сокај е невестинско покривало за глава, кој се ставал. на денот на венчавањето. Се изработувал од бело платно, а се везел со копринени или волнени конци. Тој е еден вид на ќулавка, со бели реси. Се носел до крај на животот. Не го ваделе дури ни на спиење. За него имало верување дека ако го симнат од себе жените, ќе им умре мажот.

Гајтанот е вид на двоен сокај. Изработен е од везено парче клашна, редено со жолтаци, бабки и монистра а завршува со црни, долги реси од сукана волна.

Префрлач е крпа или покривало од тенко конопно платно и се носел над сокајот.

Зсбрадки се носеле по напѕштањето на сокајот. Се носела шарена шамија “кискарка” со реси, на големи празници и “тулбен” -црна шамија која ја носеле и стари и млади.

Дулакот се носел над префрлачот. Тој е парче од тксена волна, со должина ддо колената. Над дулакот се ставал венец направен од лозови прачки, а над него босилек.

Од накит се носел копец за закопчување на јаката, на градите се носел чапраг или низа од сребрени пари, а на појасот колан од монистра или пафти.

Ден 18 април 2025

00:01:17