МАТКА Катуниште, населба од римското време. Според кажувањето на жителите, при изградбата на една викендичка било откриено едно депо на римски бронзени монети. Марков Град, тврдина-кастел од доцноантичкото време и средниот век. Во нејзината внатрешност се гледаат остатоци од средновековна црква, станбен објект и други помали објекти. Постарата тврдина- кастел, датира од V-VI век, а остатоците од средновековната тврдина се од втората половина на XIV век. Св.Спас, градиште – викус од римското и доцноантичкото време. На самиот врв има плато опкружено со одбранбен ѕид, на кое се гледаат темели од повеќе објекти, а се среќаваат фрагменти од керамички садови и мермерни блокови од раноантички храм. Исто така се гледаат темели, столбови, бази, импости и други материјали од старохристијанска базилика.
Маџари е населба во Скопје, во рамките на Општина Гази Баба. Местото е населено уште од новото камено време, за што сведочи наоѓалиштето Тумба. Во фронтонот има релјефна претстава на Тракиски коњаник. Плочата се чува во Музејот на град Скопје. На крајот на XIX век Маџари било село во Скопската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Маџари живееле 120 Македонци христијани. На почетокот на XX век целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Маџари имало 128 жители, сите Македонци. По Првата светска војна селото е преименувано во Душановац. Согласно државната политика за колонизирање на Вардарска Македонија, во селото е создадена колонија претежно од доселени Херцеговци. Во 1925 г. на местото на старата трошна црква е изграден храмот „Свети Спас“ („Вознесение Христово“). Во 1992 г. населението полнало да го преградува храмот од темел.
