Постојат индикации дека мостот бил изграден во VI век, веднаш по катастрофалниот земјотрес од 518 год., во текот на градежните активности кои биле преземени низ сета Империја од страна на императорот Јустинијан I. Низ вековите ќе претрпи многу оштетувања и возобновувања. Главниот облик го добива за време на отоманската империја. За време на земјотресот во 1555 год. е многу оштетен. Последната реконструкција е започната во 1894 год. Мостот е изграден од масивни камени блокови кои ги носат цврсти поврзани со 12 полукружни арки. Долг е 214 м. И 6м. Широк. Камениот мост сместен е во центарот на градот и ги поврзува плоштадот Македонија и старата скопска чаршија. Постојат две претпоставки околу датацијата на мостот. Според првата која е потврдена со археолошките проучувања, тој бил изграден во VI век, веднаш по катастрофалниот земјотрес од 518 год., во екот на градежните активности кои биле преземени низ сета Империја од страна на императорот Јустинијан I. Според втората претпоставка, која е поддржана со историски извори, мостот бил изграден во времето на султанот Мехмед II Освојувачот (1444-1446;1451-1481 год.), во периодот меѓу 1451 и 1469 год. Мостот денеска се смета за симбол на градот Скопје и е главен елемент на грбот на Скопје, кој пак грб е насликан на знамето на Скопје во жолто-златна боја. Во својата првобитна форма, мостот имал 13 сводови, со вкупна должина од 215 метри и ширина од шест метри. Со цел да се врат и првобитниот изглед на Камениот Мост, од 1992 година се започнати нови интервенции, со што е добиена првобитната ширина на мостот. На левата страна на реката на мостот се наоѓала спомен – плоча на стреланите граѓани на Скопје во 1944 година за време на фашистичката окупација. Во чест на предводникот на востанието, Карпош, општина во градот Скопје го носи неговото име, додека плоштадот на левиот брег од Вардар пред Камениот мост го носи името “Карпошово востание”. Исто така на средина на Камениот мост е поставена плочa во негов спомен . Плочата го носи следниов текст (испишан на македонски и англиски): “КАРПОШ – Водачот на големото народно востание од 17 век, Споменикот на Карпош, е поставен на источната страна од Камениот мост, на левиот брег на Вардар.
