домаГУГУТКА ГУГАГугутка Гуга - Малесија - Машка носија

Гугутка Гуга – Малесија – Машка носија

МАЛЕСИЈА – МАШКА НОСИЈА

Областа Малесија е сместена на планината Караорман. Го опфаќа целиот слив на Збашка Река (или Голема Река), десна притока на Црн Дрим. На исток се граничи со Дебрца, на северозапад со Дебарска Жупа, на запад со Дебарски Дримкол, а на југ со Струшко Поле. Релјефот е ридски и планински. Климата е планинска.

Во оваа област влегуваат селата: Присовјани, Збажди, Р’жаново, Локов, Селци и Буринец.

Машката носија во Малесија ја сочинуваат: кошула, бечви, појас, ќепе, долама и капа.

Кошулата е рамно кроена, со не толку широки ракави, затворени или набрани со манжетни. На градниот дел украсена е со вертикални редови, односнк везови од бел конец.

Бечвите се изработени од бела клашна. Украсени се со црни гајтани по рабовите.

Појасот е волнен. Ткаен е од волна во алена боја.

Ќепе или наречена уште “арнаутско”. Тоа е горна допојасна облека. Изработено е од црна клашна со гилема четвртаста јака, украсено со киски на грбот. По потреба, јаката се формирала во ќулавка.

Долама е горна празнична облека. Изработена е од бела клашна. Има долги ракави и должината и е до под колената. Украсена е со црни гајтани.

Се носеле два вида на капа: плиток, црвен фес со долга сина киска или црна, плитка капа.

Ден 18 април 2025

00:01:17