Музејот на град Скопје е сместен во адаптираниот дел од старата железничка станица која делумно била разурната во скопскиот земјотрес од 1963 год. Една третина од зградата, која останала релативно зачувана, денес е во функција на Музејот кој располага. Од тогаш до денес како комплексен музеј тој ја поврзува дејноста на подрачјето на археологијата, историјата, етнологијата, историјата на уметност, во регионот на Град Скопје. Освен системските истражувања, прибирање, средување, заштита и чување, музејот врши и стручна обработка и научно проучување на музејскиот материјал како и негова јавна презентација преку тематски проекти и изложби како во земјата така и во странство. Музејот поседува фонд од 21.950 музејски предмети распоредени по четири одделенија: археологија, историја, етнологија и историја на уметност. Во фундусот на музејот влегуваат донацијата од 182 фотографии на доајенот на македонската уметничка фотографија Благоја Дрнков и донацијата на jапонска графика Укијое. Во 1991 година Љубомир Белогаски му подари на Музејот на Град Скопје 159 дела (претежно акварели). “Прошетка низ минатото” е постојана поставка во Музејот која го опфаќа периодот од Праисторија до почетокот на 20 век за Скопје со неговата околина. Во Старата скопска чаршија се наоѓаат депандансите на музејот, и тоа во Сули ан е сместена постојаната поставка за „Историјата на старата скопска чаршија, „Меморијалниот музеј на Покраинскиот комитет на КПЈ“ и „Меморијалниот музеј на илегалната работилница за оружје од НОБ“
Музејот на современата уметност Изградбата на Музејот е започната на 5 април 1969. и е завршена во рекорден рок на 13 ноември 1970 година. Зградата има две нивоа и еден делумно под земја наменет за депоата, конзервацијата и погонските простории. Светската и југословенската заедница покажаа извонредно широка солидарност и спремност да ја помогнат обновата на Скопје, после катастрофалниот земјотрес. Како значаен дел од оваа солидарност, почнаа да пристигнуваат и првите спонтани донации на дела од повеќе европски и југословенски уметници, како што се италијанскиот сликар Џузепе Сантомазо и германскиот графичар Хап Грисхабер, како и оние од приватната колекција на наивна уметност на хрватскиот колекционер Герхард Ледиќ. Уште една спонтана реакција во овој период уследи и од познатиот црногорски и српски уметник Петар Лубарда, кој ги подари сите свои дела од неговата самостојна изложба поставена во неколку југсловенски градови есента 1963 година. Меѓународното здружение на ликовни уметници (AIAP), на својот конгрес одржан во октомври 1963 во Њујорк упати апел до уметничките асоцијации и индивидуални уметници во светот да помогнат во создавањето колекција на уметнички дела со која ќе ја поттикнат обновата на градот. Првата таква акција ја организираше италијанската секција на AIAP под раководство на галеристот Марио Пенелопе, уметникот Енрико Паулучи и Палма Букарели, директорката на Националната галерија на модерна уметност во Рим. Со истата цел во Франција е формиран Комитет за помош на Скопје. Зафаќа површина од 5.000 м2 во три меѓусебно поврзани крила. Во нив се наоѓа просторот за постојаната поставка, салите за повремени изложби, салата за предавања, филмски и видео проекции, библиотека и архива, конзерваторската работилница, депоата, администрацијата и други помошни служби. Располага со драгоцена меѓународна колекција и дава репрезентативен увид во македонската современа уметност.
