МЕМОРИЈАЛНИ МУЗЕИ, СПОМЕН-КУЌИ НА НОВ Меморијален музеј на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија во непосредна близина на Бит-Пазар. Меморијален музеј на илегалната работилница за поправка на оружје, во новиот дел на зградата на Стопанска банка, (подрумски простории). Меморијален комплекс – почесна алеа во која се наоѓаат посмртните останки на заслужени борци од НОВ.Спомен-гробница на 11 паднати борци во НОВ од Третата и Дванаесеттата ударна бригада во дворот на хидроцентралата Матка.
Милениумски крст Крстот е изграден на највисоката точка на планината Водно на место познато како „Крстовар“, што значи Место на крстот, бидејќи таму во минатото се наоѓал помал крст. Крстот на Водно е еден од најновите препознатливи симболи на Скопје. Изграден е во 2002 година, а во чест 2000 години од појавата на христијанството. Основата на милениумскиот крст е поддржана од 12 мали столбови кои ги симболизираат дванаесетте апостоли, и четири големи столбови (високи 10 метри) кои ги симболизираат четирите евангелија и кои заедно со непосредното опкружување прават крст. Над нив се наоѓа 67 метри висока челична конструкција и распон на краците од 46 метри. Крстот е поделена на 33 делови кои ги симболизираат годините на Исус Христос. Ноќе крстот е осветлен со 650 светилки. Милениумскиот крст е видлив во радиус од 40 км.
