Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Во конституирањето на МАНУ исклучително значајна улога имаше Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ со својата прва факултетска институција – Филозофскиот факултет, како и самостојните научноистражувачки институти во Македонија, од чиишто најистакнати професори и научници беа избрани и се избираат членовите на Македонската академија на науките и уметностите. Големото дело на македонските филолози, фолклористи, историографи, научни творци од областа на природните, техничките и општествените науки, писатели, сликари, композитори и скулптори е вградено во темелите на Македонската академија на науките и уметностите. МАНУ национална научно-творечка установа основана на 23 февруари 1967 г. За нејзин прв претседател бил избран Блаже Конески, а тековен претседател е Љупчо Коцарев. Членовите на МАНУ се избираат на секои три години на централното собрание на Академијата и од формирањето досега МАНУ имала 154 членови од кои сега 35 се со статус на членови од работниот состав, а 60 се со статус на членови надвор од работниот состав.
Меморијалниот центар на Холокаустот во Скопје Македонските Евреи добија средства со Законот од 2002 со кој беа вратени имотите на Евреите без наследници – беше извршена денационализација.Новата музејска зграда посветена на Холокаустот е составена од две крила со по три спрата. Во него е сместена постојана изложба со детален приказ на долгата историја на еврејскиот живот на целиот Балкан, вклучувајќи ја и Македонија. Првиот спрат од музејот е посветен на животот на сефардските Евреи по нивниот прогон од Шпанија во средниот век и нивниот придонес во општеството. Вториот спрат е исклучиво посветен на Холокаустот, од моментот на депортацијата се до случувањата во Треблинка. Како дополнување на амбиенталниот простор, на вториот кат се наоѓа интерактивен простор каде посетителите можат да добијат информации за Евреите и Холокаустот, детско катче со сала за проекции и симпатично кафуле кое гледа кон Вардар, театарот и Еврејското маало. Се работи за инсталација во која се наоѓаат 7200 нитки како асоцијација на бројот на убиените Евреи, а кога ќе се погледнат овие нитки нанижени со разнобојни перли оддалеку, во средина се препознава портокаловиот вечен оган и печатите од бројки со кои биле жигосувани Евреите во Треблинка.
