домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАзбука на Скопје - Мајка Божица и Спортско рекреативен центар Матка -...

Азбука на Скопје – Мајка Божица и Спортско рекреативен центар Матка – Патека Кајак

Големата Мајка Божица-Магна Матер – Говрлево Откриена е 1981, датирана во среден неолит 5800 – 5300г. пр.н.е., висина 36 см. Големата Божица Мајка од Говрлево била божица на семињата, житарките и повторното раѓање. КУЛТ НА ПЛОДНОСТА (Така ритуалот на мелење и производство на леб била вообичаена дејност на нејзините светилишта. Врховната Мајка Божица беше создателкла на животот, љубовница на природата, божица на циклусот на животот и смртта, мајка на сите други богови, кралица на шумите и животните. Оваа исклучително моќна, но и нежна фигура, охрабрувачка и речиси потсвесно утешна концепција на мајчинскиот дом, не може да се објасни подобро и поедноставно отколку низ основното етимолошкото значење на зборот „дома“ – „До“ – во близина, и „Ма“ – мајка. Исто така, во Хинди јазикот, кој е еден од најстарите живи јазици, зборот кој се изговара како “Maкедонија” соодветно значи „Светот на Мајката“.

СРЦ “Матка“ – Кајак стазата и целиот партер околу стазата, како и нејзино приспособување за европски и светски натпревари; комунално уредување на викенд населбата Матка. Патеката на Матка има доживеано неколку промени, изградена е на почетокот на 1970 година. Во 1975 г. се има одржано СП, потоа имаше мала реконструкција на патеката за во 1999 г. да добиеме и организација на Светски куп за сениори во слалом, но за жал ни беше одземен поради случувањата на Косово. Токму во 1999 г. се направи една реконструкција на патеката, по што сега таа важи за една од потешките патеки во Европа, нормално кога предвид се земаат природните патеки. Матка е место, односно патека која долги години се користи за натпревари од висок ранг, како на пример СП во 1975 година, ЕП во 2004 година и 46 интернационален Илинденски кајак слалом на кој настапуваат голем број на натпреварувачи. ЕП за јуниори и сениори до 23 години, донесе поголема популаризација на кајакот во државата. Кајакарската федерација на Македонија ги бележи своите почетоци во 1934 година, а за прв пат е формирана во 1947 година кога се формирани и првите клубови за диви и мирни води.

Ден 18 април 2025

00:01:17