домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАзбука на Скопје - Свети Мина и Хидроцентралата Матка

Азбука на Скопје – Свети Мина и Хидроцентралата Матка

Свети Мина се наоѓала до соборната црква „Света Богородица”. Црквата била изградена во 1902 година под влијание на грчката (односно влашката) и српската пропаганда и која за време на Првата светска војна била претворена во коњска штала. На идеја на Митрополитот скопски Јосиф и директорот на банката „Вардар“, Милан Јовановиќ-Стојмировиќ, биле урнати двете кули на црквата. Во 1935 година била обновена и претворена во Црковен музеј на Скопската епархија. Имала 250 м2 корисна површина и во неа требало да се чуваат икони, фрески и друго. Комплетно настрадала во земјотресот во 1963 година. Оваа црква за МПЦ-ОА е значајна, бидејќи во неа е донесена Одлуката за самостојност на МПЦ – потврдена преку отслужувањето на заедничка архијерејска литургија со српскиот патријарх Герман, на 19 јули 1959 година и истовремено е извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент (Трајков). Постои иницијатива да се возобнови црквата[3], или евентуално целиот комплекс како музеј.

1938 год. Пуштена е во погон хидроцентралата „Матка“ (5600 KWh). ХЕЦ „Матка“ е единствена ваква централа во светот, бетонска брана во облик на лак, а прстените во неа се независни еден од друг со различна висина и агол, така што ако тие пукнат не може да се случи хаварија. „Матка“ е училишен тип централа, бидејќи во неа се е видливо, за разлика од поновите централи, во кои сите делови се блиндирани. Браната намерно не е повисока од 30 метри за да не се случи ако надојдат водите, да се поплави манастирот „Св. Андреа“. Творец наХЕЦ „Матка“ е проектантот Миладин Пеќинар. Тој бил толку сигурен во своето дело, што застанал на нејзиниот врв додека акумулацијата се полнела и водите од Треска удирале во неа и изјавил „ако отиде браната, нека отиде со неа и тој што ја измислил“.

Ден 18 април 2025

00:01:17