Султан Муратовата џамија е на местото на кое што порано се наоѓал манастирот „Св. Ѓорѓи Горгос Скоропостижник“, сега Старата скопска чаршија. Инаку, како што може да се утврди од зачуваните грамоти во Хиландар, овој исклучително значаен манастир бил изграден во времето на цар Самуил, но секој нареден владетел на овој дел од Македонија редовно му ги потврдувал привелигиите и имотите. За жал, по околу 400 години и по огромниот углед меѓу христијанското население, на 27 априп 1428 г, во времето на Мурат-бег, османлиите го разурнале манастирот, а подоцна, токму врз неговите темели, била изградена Султан-Муратовата џамија. Џамијата е изградена во 1436 година, како завештание на султанот Мурат II и претставува најстара зачувана џамија на територијата на Балканот. Таа е единствената султанска задужбина во Скопје, позната како „Хјунќар џамија“ (турски: hünkâr), што во превод би значело „Царска“ или „Султанска џамија“; а и како „Саат-џамија“, поради Саат-кулата сместена во дворот од џамијата. Низ историјата, џамијата двапати била изложена на пожари, потоа претрпела големи штети со земјотресот во 1963 г., кои сепак биле набргу надоместени. По своите архитектонски вредност оваа џамија се вбројува во една од најважните османлиски градби на територијата на Балканот. Ѕидната декорација во џамијата е од 18 век и ги содржи карактеристиките на турската традиционална декорација со чипкасти мотиви присутни околу прозорите во внатрешноста. Споменичкиот комплекс на Султан Муратовата џамија ја сочинуват и турбето на Бикиј Хан, турбето на Али паша од Дегастан и Саат кулата.
Мустафа пашина џамија се наоѓа на потегот меѓу Куршумли ан, црквата „Св. Спас“ и Калето. Џамијата била изградена како завештание на Мустафа-паша, кој бил везир на султаните Бајазит II и Селим I. Подигната е врз темелите на старата црква „Св. Марина“, од страна на угледниот великодостојник во Османлиското Царство – Мустафа Паша, во 1492 година. Неговото име сè уште стои врежано на плочата над влезната врата во храмот. Од сопствени средства, изградил џамија и месџид, а во џамијата, имарет и станбени објекти во кои живееле духовните лица. Џамијата е претставник на раната цариградска архитектура. Во внатрешноста на џамијата се наоѓа молитвениот простор. Веднаш над влезната врата се наоѓа галерија (мехвил). Во рамките на џамијата влегуваат и турбето, каде што во 1519 година бил погребан Мустафа-паша; саркофагот на неговата ќерка Уми; шадрван, пред самиот влез на џамијата; надгробни нишани и остатоци од некогашните имарет и медреса. Од мермерната плоча над влезната врата, на која е запишан текст со арапско писмо, се дознава дека објектот бил изграден на темелите на некоја средновековна црква. Мустафа-пашината џамија не претрпела големи оштетувања со земјотресот од 1963 г., но сепак по него се извршени некои реконструкциски зафати. Мустафа-пашината џамија ја изградил скопскиот заповедник Мустафа паша во 1492 година. Се наоѓа спроти влезот на Скопското кале. Џамијата во основа претставува четвртест архитектонски постамент изграден од мермерни блокови украсени со различни орнаменти. Минарето е изградено од бигорни блокови. Во оваа џамија се наоѓа богато декорираниот саркофаг на Ума-ќерката на градителот на џамијата, потоа шадрван, остатоци од некогашни имарети, медреса и друго. Денес претставува значаен споменик на културата и место за духовна исповед на припадниците од муслиманска вероисповед. (5)
