домаГУГУТКА ГУГАГугутка Гуга - Занаетчии - Инструменти Гиевски

Гугутка Гуга – Занаетчии – Инструменти Гиевски

Занаетчии – инструменти ГИЕВСКИ

Сопственици – Димитар и Љубомир Гиевски

Соговорник: Љубомир Гиевски

-Низ разговор, Љубомир ни кажа дека дуќанот егзистира од ’32 год, во минатиот век. Татко му бил калфа, а мајсторот се викал Јован Саздов. Дуќанот бил позади мајка Тереза, во една улица и се викала “Принц Ѓорѓе”. Пред војната го откупил дуќанот од мајсторот, поточно од неговата фамилија, веднаш по неговата смрт. Од тогаш самостојно работел и сѐ до денес, работилницата функционира. Занаетот го научил од татко му, а работи од свои 15 години.

Тој вели дека во дуќанот се направени првите електрични гитари што засвиреле во Македонија. Најпрво дошле групата “Бисери” и од неговиот татко, побарале да им направи модерна, електрична гитара, чиј изглед му го покажале на мајсторот на насловната фотографија од една музичка плоча. Иако мајсторот не верувал дека тој инструмент ќе свири, ветил дека ќе се потруди да го изработи да функционира и да изгледа по нивна желба. Ја направил гитарата од дрво, со прагови и машинки, сѐ што е потребно, а гитаристот сам си ставил електроника. Гитарата присвирела. Наредниот ден , дошле од групата “Безимени”, со истото барање за гитара. Љубомир ни раскажа: “Првиве викаат немој да кажеш на никого, сакаме први да испаднеме. Ветивме, зошто ова е дуќан кај што треба од ова да живееме. Доаѓаат вторите и тие викаат немој да кажеш на никого. Не кажувам на никого! Значи, им направи на двете групи па не се налутија. Си отидоа среќни.”

На прашањето кој инструме т му е омилен за изработка, ни одговори:

“Ние сме правеле разни инструменти ама гитарите се најомилени. Во моментов, тамбури ни се продаваат највеќе. Ги правам тамбурите и сме горди на тоа затоа што види вака: дедовци наши го делкале со тесла. И две тамбури не може да свират заедно, затоа што не биле како треба. Сега, ние, нашава фамилија, го качивме на рамниште на една гитара на пример, на мандолина. Даутовски има свирено со Филхармонија, Словенска Филхармонија. Има свирено во Париз со исто така голема група на музичари. Сакам да кажам дека тоа штима и може да се вклопи. Е сега, тоа е наш национален инструмент кој може да свири интернационално. Сѐ може да свири. Зависи кој како ќе го наштима и како ќе свири.”

-Љубомир Гиевски вели дека една убава тамбура се работи еден месец. За да се направи како треба. Од едно трупче се делка внатрешниот дел најпрво, па потоа надворешниот. Му се додава врат, па горе се става резонантна плоча од специјално дрво за да има убав тон. Се ставаат прагови, жици, кобилица и може да се свири. Многу труд е потребно. Изработката е долга, ама кај него најголемо е задоволство кога ќе просвири инструментот.

Златен период за овие изработувачи на инструменти бил крајот на 60ите, почетокот на 70ите години од минатиот век. Тогаш, најптодаван инструмент им бил мандолината. Колку ќе направеле-толку продавале. За разлика од тогаш, денес е сосема поинаку. Денес многу ретко се купуваат народните инструменти, од време-на време продаваат по некоја мандолина за мандолинскиот оркестар. Повеќе се носат инструментите на поправка. Во дуќанот, имаше ут донесен на поправка со старост од 80 години.

За да живее овој занает, на Љубомир Гиевски најголема надеж е неговото внуче. Тој има син, кој одбил да го изучува и продолжил овој занает бидејки не видел во него прилика за пристоен живот.

На младите генерации им пренесува дека зс да бидат добри музичари, треба многу да вежбаат. Барем по три до четири часа на ден, бидејки инструментите кои се изработуваат од рацете на Гиевски се одлични, тие дамите си бараат и одлични музичари.

Ден 18 април 2025

00:01:17