домаГУГУТКА ГУГАГугутка Гуга - Селата во Македонија - Добрушево

Гугутка Гуга – Селата во Македонија – Добрушево

Според легендата, името на селото се поврзува со тоа што прв во месноста се населил некојси Добруш. По него, подоцна било именувано селото.

Селото се наоѓа во Пелагонија, во североисточниот дел на Битолското Поле, во средишниот дел на територијата на Општина Могила, а чиј атар се допира со подрачјето на Општина Прилеп. Сместено е на левиот брег на Црна Река. Селото е рамничарско, на надморска височина од 594 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 27 километри.

Селото има збиен тип. Одредени делови на селото имаат имиња по главните родови, како Бубреговско, Лисковско или Пупевско Маало.

Во 1900 година, во Добрушево живееле 590 жители, сите македонци. Најмногу жители имало во 1961 година, 1183 жители, сите македонци. Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 521 жител, од кои 459 македонци, 2 албанци, 1 влав, 25 останати и 34 лица без податоци.

Во селото постојат и функционираат:

  • Основно училиште “Браќа Миладиновци” и во него се изведува настава до деветто одделение на македонски јазик
  • Пошта
  • Амбуланта
  • Ветеринарна станица
  • Бензинска пумпа
  • Дом на културата
  • Месна заедница

Селска слава на Добрушево е Спасовден.

Секоја година на денот на Трудит се одржува и ревија на пејачи-аматери.

Во селото постои и фудбалски клуб “Добрушево” кој се натпреварува во општинската лига. Оформен е во 1948 година.

Од Добрушево потекнува и г.г. Стефан, кој е роден како Стојан Велјановски во 1955 година.

Ако некогаш прошетате во ова село, можете да ги видите:

  • Ерековски ливади — населба од римско време
  • Плочи — населба од римско време
  • Селиште — некропола од средниот век.
  • Црква “Вознесение Христово”, која е главната селска црква и потекнува од средината на XIX век.

Ден 18 април 2025

00:01:17