„Почесен граѓанин на Град Скопје“ е лице со особени заслуги за своите придонеси кон градот Скопје. ФРЕНК МАНИНГ 26 јули 1983; Наградата „26 Јули“ се доделува од 1980 година и е иницирана од Франк Манинг, донатор кој придонел за обнова на разурнатото Скопје по земјотресот во 1963 година. Во 1977 тој престојувал во Скопје и изразил желба за основање фонд од кој секоја година ќе им се доделува награда на најдобрите студенти во завршна година на студии од областа на архитектурата и општествените науки.
Збратимени градови е облик на правен и општествен договор помеѓу градови, окрузи, региони, области, префектури, па дури и држави во географски и политички различни области со кои ги унапредуваат културните и трговските врски. Современата замисла на збратимувањето потекнува од 1947 година, со намера да шири пријателство и разбирање помеѓу различни култури и помеѓу поранешни непријатели како чин на мир и помирување, да ја охрабри трговијата и туризмот. Маниса, Турција 1985; град во Егејскиот регион во Турција и главен град на истоимената провинција. Историски гледано, градот бил познат како Магнезија, или поточно Магнезија на Сипилум за да се разликува од Магнезија на Меандер, која се наоѓа на релативно кратко растојание на југ. Традиционалното гледиште е дека името „Магнезија“ произлегува од племето Магнези кои се доселиле во овој регион од Тесалија.
