домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАзбука на Скопје - Лептокарија и поврзаноста на Скопје со Љубљана од...

Азбука на Скопје – Лептокарија и поврзаноста на Скопје со Љубљана од Словенија

Лептокарија е трговски центар во општина Капош. Најголем трговски центар во Скопје беше Старата чаршија. Така требаше и да остане, но не остана. Неа ја запустивме од тој аспект, не заради трговските центри, туку од многу други причини. Но трговските синџири денес ѝ се силна конкуренција на чаршијата, а тоа ќе бидат и понатаму. Таму ќе треба да побарате услуга од кројач, чевлар, саатчија, столар, фотограф, лимар, водоинсталатер, бравар, казанџија, но сѐ потешко. Парадоксално, но вистинито, во супермодерен скопски маркет, денес ви се нудат услуги од класичен чевлар, чие искуство води до далечната чаршиската кондураџиска традиција. Во педесеттите години во Скопје на глас беше познатиот магазин „НА-МА“ на плоштадот. На скопскиот кеј, кај сегашните пошти, се наоѓаше пасажот „Ароести“. Веќе на почетокот на шеесеттите години, непосредно пред земјотресот, беше отворена стоковната куќа, која претставуваше вистински бум во однос на трговските стандарди. Стоковната куќа (1962), е еден од првите модерни трговски центри во Скопје. Ги имаше првите ескалатори во бивша Југославија, и најсовремените модни дезени и понуди од сите области. Од тоа време датира и стоковната куќа „26 Јули“ на Бит-пазар, но многу поскромна според снабденоста и квалитетот. Веќе во 1970-тите и 1980-тите години, состојбата рапидно се измени, а трговските центри постојано никнуваа: ГТЦ, „Мавровка“, „Беко“, „Беверли Хилс“, „Лептокарија“, па до денешниве. Светските трендови сигурно и натаму нема да нѐ одминуваат, а предвидувањата гласат: да се градат блескави трговски зданија на чиј сјај не ќе можеме да одолееме.

Љубљана, Словенија и град Скопје од 2007 се збратимени градови. Во рамките на меѓународната соработка, градот Скопје е член на неколку меѓународни организациии и мрежи на градови: Унијата на главните градови на земјите на централна и југоисточна Европа (UCSEEC), Мрежата на поголемите балкански градови (BALCINET), Асоцијацијата на метрополите на Франкофонијата (AIMF), мрежата на мултиетнички градови (PHILIA), мрежата на поголемите европски градови- Eurocities како и член на мрежата на енергетски градови – Energie cities. Соработката се реализира преку јакнење на соработката во областа на културата и заштита на културното историско наследство; воспоставување на соработка на средните училишта од двата града; јакнење на соработката помеќу јавните претпријатија на градот Скопје и градот Истанбул; други тековни работи во врска со соработката, јакнење на соработката со збратимениот град Љубљана (имајќи го во предвид искуството што градот Љубљана го има со twinning проекти, во 2009 година ќе се настојува јакнење на врските на двата града. Градоначалникот на Град Скопје се грижи и го обезбедува спроведувањето на оваа програма.

Ден 18 април 2025

00:01:17