домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАзбука на Скопје - Блаже Конески

Азбука на Скопје – Блаже Конески

Блаже Конески (19 декември 1921 – 7 декември 1993) е најзначајната фигура на македонскиот 20 век. Филолог, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, преведувач, професор на Филозофскиот факултет во Скопје, академик – прв претседател на Македонската акадамија на науките и уметностите (МАНУ). Тој е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик. По ослободувањето дошол во Скопје и развил богата културна и научна дејност. Како научник-славист, тој ги направил најголемите чекори за македонскиот литературен јазик. Учествувал во комисијата за азбука, учествувал во составувањето на првиот македонски правопис, ја напишал Граматиката на македонскиот јазик, Историјата на македонскиот јазик, тој е еден од составувачите и главен редактор на Речникот на македонскиот јазик (во три тома). Освен со научна, Конески се занимава со творечка, препејувачка, есеистичка и критичка дејност. 1968 година, по повод доделувањето на почесниот докторат на Конески на Чикашкиот универзитет, Џорџ Бидл го претставил Конески како „истакнат граматичар и лексикограф, вдахновен поет и педагог, кодификатор на македонскиот литературен јазик, чија работа… значително го има збогатено полето на словенската филологија.“ Во чест на Конески, од 4 јуни 1997 година, Филолошкиот факултет во рамките на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје го носи негово име.

Ден 18 април 2025

00:01:17