домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАзбука на Скопје - Кинотека на Македонија

Азбука на Скопје – Кинотека на Македонија

Кинотеката на Македонија е национален филмски архив формирана со Закон во 1974 година како Кинотека на Македонија, и се занимава со прибирање, чување, заштита, обработка, истражување и презентирање филмови и филмски материјали од посебно уметничко, културно, научно, историско и друго значење, особено на националното филмско наследство. Покрај тоа, Кинотеката ги прибира и филмовите и филмските материјали кои се однесуваат за Македонија а се снимени од странски филмски сниматели, како и филмови од светската продукција. Извршниот совет на Собранието на СР Македонија, на 25 март 1976 година, го именува Атанас-Ацо Петровски, филмски работник од Скопје, за прв директор на Кинотеката. Во Кинотеката постојат 3 оддели. Филмски архив или Оддел за заштита, чување и обработка на филмови и филмски материјали, потоа Оддел за документација, составен од Одделение за пишувана документација, Фототека и Библиотека, како и Одделот за јавна, истражувачка, и издавачка дејност. Кинотеката располага со фонд од над 16.000 филмски копии, 82.000 парчиња пропаганден материјал, фотографии и плакати, како и повеќе од 200 метри должни пишувани документи. Во состав на Кинотеката е и специјализираната библиотека со повеќе од 4.500 книги и списанија за историјата и теоријата на филмот и околу 35.500 прес-клипинзи. Кинотеката располага и со музејска колекција на стари кинематографски артефакти. Кинотеката во 2005 година се пресели во нови простории (во зградата на библиотеката „Другарче“ каде располага со киносала и депоа за чување на националната кинематографија, изградени по најсовремени стандарди за чување на аудиовизуелното наследство), а истовремено располага и со комплексот Хавзи-пашини конаци, во с. Бардовци, за чување на филмови и филмски материјали од странска продукција и дел од архивската граѓа. Kинoтеката е членка на Меѓународната федерација на филмски архиви (FIAF) и на Асоцијацијата на европски кинотеки (АСЕ). Благодарение на статусот што Кинотека го има на меѓународно ниво, во 2014 година беше организатор и домаќин на јубилејниот 70-ти Конгрес на ФИАФ, кој се одржа во Скопје со учество на 200 делегати од целиот свет.

Ден 18 април 2025

00:01:17