домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАзбука на Скопје - Споменикот КОЊАНИК, бронзената скулптура „На кафе“ и Никола...

Азбука на Скопје – Споменикот КОЊАНИК, бронзената скулптура „На кафе“ и Никола Карев

Споменикот „Коњаник“ во Автокоманда, е претстава на Филип Втори, таткото на Александар на скулптурата Валентина Стевановска. Општина Гази Баба објави конкурс за идејно решение на коњаник и за фонтана со придружни фигури во населбата Автокоманда во август 2008 година. Споменикот на Филип Втори е висок пет метри и тој е доминантна фигура на плоштадот каде е поставена и фонтана со четири женски фигури, наместени на столбови, а во средината има четири воини, кои над главите држат штитови. За леење во бронза е избрана леарницата „Јеремиќ“.

Бронзената скулптура „На кафе“ е поставена во 2009 година, зад хотелот „Холидеј ин“ во рамките на првичниот бран на проектот „Скопје 2014“. Автор на скулптурата е Ристо Станковски. Освен на оваа, Станковски е автор и на скулптурите „Маски“ и „Излет“, избрани од стручното жири ангажирано од страна на инвеститорот.

Споменикот на Никола Карев пред Собранието на Република Македонија. Македонскиот херој и претседател на Крушевската Република е претставен качен на коњ, на постамент на кој се поставени четири релјефи со мотиви од македонската историја. Споменикот е висок седум метри, а поставен е во септември 2011 година изработен во леарницата „Маринели“

Ден 18 април 2025

00:01:17