домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАзбука на Скопје - Куклен Театар во МНТ и Крапчев Данев

Азбука на Скопје – Куклен Театар во МНТ и Крапчев Данев

Драмскиот театар една од најстарите театарски институции во Македонија започнал како куклен/детски театар во рамките на Македонскиот народен театар (МНТ), која во 1946 година ја основал својата Куклена сцена. Во 1949 година, по неколку успешни куклени претстави, Куклената сцена при МНТ и официјално прераснала во Градски куклен театар, чиј прв директор бил Лазар Балабанов. Во сезоната 1957/58, под раководство на Ристо Стефановски, театарот се реорганизирал во Младинско-детски театар, кој своите претстави ги играл на две сцени: младинска и детска. Од земјотресот во 1963 до 1965 година, театарот немал своја зграда. На 4 март 1965 година, Драмскиот младинско-детски театар се преселил во монтажниот објект (изграден како донација на Британската амбасада) на улицата „Шекспирова“ во населбата Карпош 2. Истата година, театарот се преименувал во „Драмски театар“. Театар за деца и младинци е единствениот национален театар специјализиран за програмата за деца и млади. Со одлука на Владата е формиран на 02.02.1990, а првпат ги крена своите завеси пред публиката во Скопје на 25.03.1990 г. и оттогаш создава бајки со поинаков, ведар и магичен дух, како и претстави за тинејџери, младинци и возрасни. На сцената се играат приказни во современ ритам и дух. Можете да гледате богат избор на претстави : од куклени и играни за деца, па се’ до целовечерни младински претстави. Распоредот и репертоарот на „Театарот за деца и младинци“ е тесно врзан со училишната година така што нашите изведби се на редовен репертоар од септември до јуни. На лето, пак, ги посетуваме фестивалите за детски претстави во и надвор од Република Македонија.

Спомен-биста на Дане Крапчев Дане Крапчев како политички комесар во Првиот скопски партизански одред игра значајна улога во обезбедувањето на слободата на нашето Скопје. Во НОВ учествувал во диверзантската акција на рудникот Радуша, Скопско, во август 1941 година од каде со соборците изнесле стотици килограми експлозив.. На судскиот процес во Скопје (27 април – 9 мај 1942) во отсуство бил осуден на смрт. Извесно време бил борец во Скопско-косовскиот партизански одред (првата половина на 1943), во Шарпланинскиот партизански одред (летото 1943 година) и во Косовскиот народно-ослободителен баталјон, а од 26 февруари 1944 и во Третата македонска ударна бригада. Во мајската пролетна офанзива 1944 година неговиот баталјон и Третата македонска ударна бригада учествувале во познатиот голем марш кон Пиринска Македонија, како и во многу борби против бугарскиот фашистички окупатор. На 24 мај 1944 година во борбите против бугарските фашистички единици на Плачковица, храбро загинал покосен од непријателски куршум. Веста за неговата смрт, болно ги погодила неговите соборци и населението во местата каде дејствувал овој популарен првоборец. Во негова чест, основното училиште во населбата Ченто, Скопје, го носи неговото име. Спомен-обележјето на првоборецот Дане Крапчев се наоѓа на булеварот Илинден, наспроти градските бараки.

Ден 18 април 2025

00:01:17