Карвансарај гостилница со преноќиште, за одмор на патниците што патуваат со караван и со голем двор за сместување на коњите и стоката при нивното долго патување. Караванските станици биле сместени на места што обезбедувале одмор и сместување за луѓето и товарните животни, складишта за стоката и заштита на учесниците во караванот. Овие места се наоѓале покрај патиштата. Застанувањето на караванот значело можност за понуда на сместување за луѓе и стоки, закрепнување, замена на коњи, но и размена на стоки (купување и продавање), така што многу каравански станици на крајот прераснале во трговишта. Сули ан e поранешен ан и караван-сарај во Скопје, сместен во внатрешноста на Старата скопска чаршија. Градбата се наоѓа во непосредна близина на Чифте амам и Мурат-пашината џамија и заедно со овие два објекта ја сочинува единствената постојна „исламска тројка“ на територијата на чаршијата и во Скопје воопшто. Во Сули ан, денес се сместени Музејот на Старата скопска чаршија и Ликовната академија. Во заветот на Иса-бег, анот се споменува под името „стар ан“. Името „Сули ан“, коешто во превод од турски значи „воден ан“, го добил подоцна, поради тоа што се наоѓал во непосредна близина на течението на реката Серава. Во текот на 16. век, тој бил пренаменет и на долниот и горниот кат биле отворени дуќани, главно во сопственост на Евреи. Анот тешко настрадал во пожарот од 1689 година, по што бил обновен и продолжил да работи како трговски објект. Се состои од приземје и кат со масивни ѕидови и сводови. Приземјето служело за чување на стоката, додека патниците и трговците преноќувале на катот. Тремот е подигнат на 18 столбови, а собите биле подредени во низа и распределни на сите четири страни. Кон анот водат два влеза, на источната и на западната страна, од кои главниот се наоѓал на источната и во минатото пред него течела реката Серава. Поради големиот број дуќани наоколу, анот остава впечаток дека е вовлечен во просторот
КАДИНО Распослано е во источниот дел на скопска блатија, во неговата непосредна близина се наоѓат остатоци од разни историски периоди од римскиот, словенскиот и турскиот период. Денешната местоположба на Кадино настанала во турскиот период, според кажувања името Кадино произлегува, затоа што селото е формирано на имотот на турски кадија и поради тоа првото име на селото било „Кадиѓој“. Пред крајот на турската империја, истовремено кога комитското движење било се поактивно во скопско, како и во другите села така и во Кадино, турските власти доселиле во селото 100 муслимански–бошњачки фамилии за работа и за заштита на нивниот имот. Во турскиот период Кадино располагало со голем атар, покасно во првата половина на 20 век (1921г.) биле одземени 50 хектари земја и доделено за формирање на с.Марино, а нешто покасно уште 200 хектари биле одземени за изградба на Аеродромот „Петровец“. На атарот на Кадино се наоѓат два крста подигнати во некое време кога селото било уништено од чума и за да затрае било заорано заобиколено со бразда со верување дека населението ќе биде заштитено од болести. Црквата Св.Ѓорѓиу и Св .Илија изградена од плитар во 1910 година, до изградбата на оваа црква населението своите црковни потреби ги обавувале во црквата во с.Таор. Првото основно училиште по барање на населението отворено е во приватна куќа во 1928 г.и во него учеле 60 ученика, пред тоа децата учеле во Бунарџик. Денес Кадино преставува мешавина од рурална и урбана средина, со модерни станбени куќи, економски развиена средина, на која во тек е изградба на еконоска зона, која во перспектива ќе овозможи Кадино да стане уште попривлечно места за живеење.
