Јеловјане се наоѓа на 1 200 м надморска височина на падините на Шар Планина и е последно населено место во тој дел на Шар Планина према Косово. Атарнот на Јеловјане на Исток се граничи со Горно Плачиште, Долно Палчиште, Новаќе, Лисец и Попова Шапка, на југ со Камењане, на запад со Урвич и Ново Село 2, на север неговиот атар допира со границата со Косово.
За првпат Јеловјане се спомнува во XVII век. Јеловјане е населба од колонијален карактер, имено првите жители на Јеловјане потекнуваат од областа Гора на Косово, Љума во Албанија и доселеници од Анадолија.
Јеловјане во почетокот на XX век и после повлекувањето на Османлиското Царство е зафатено од поголем бран на миграции така денес граѓани на Јеловјане и нивни потомци имат мигрирано низ цела Македонија и цел Свет, поголеми миграции се забележуваат во екот на Балканските војни и миграцијата вонглавно тече кон Турција но има семејства кои имаат мигрирано во Бугарија, Грција, Романија, потоа во градовите Тетово, Скопје. Втор бран на миграција се случува после прва светска војна. Трета поголем бран на миграција се случува по втората светска војна вонглавно кон Турција. Во последните дестина години исто така Јеловјане е зафатено од голема миграција кон внатрешноста на Македонија, главно од економски причини.
Жителите на Јеловјане во мал дел се занимаваат со сточарство и планинско земјоделство, повеќето од ова население се занимава со занаетчиство како бурекџии,семкари, слаткари,скараџии и слично. Од трговските субјекти во Јеловјане моментално е застапено само угостителството, а населението исто така е печалбарско и својата издршка ја обезбедува од печалбарството. Под печалбарство се мисли внатре во границите на Р. Македонија, а мал број и надвор.
Во селото се наоѓаат ПОУ „11-ти Октомври“ и селска амбуланта која работи само за викендите.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 283 жители, од кои 9 Македонци, 8 Албанци, 173 Турци, 25 останати и 68 лица без податоци.
