домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАзбука на Скопје - Кривината на реката Треска и Пештерата Коритиште (Врело)

Азбука на Скопје – Кривината на реката Треска и Пештерата Коритиште (Врело)

Кривината на Треска, Овој простор со децении беше култно место за одмор и рекреација на скопјани. Реката Треска беше чиста, а луѓето се криеја под сенките на врбите бегајќи од скопското жешко летно сонце. Течението на р. Треска и околината на Сарај, се планирани како зона на зеленило уште во планот од Л. Кубеш од 1948г. кој за прв пат ја вметнува оваа периферна зона во структурата на градот. Во постземјотресниот ГУП од 1965г. идејата за овој реон се развива уште повеќе, поврзувајќи го во систем на зелени коридори низ целото Скопје. Оваа целина долж реката Треска се предвиде за разновидни програмски содржини: спортско – рекреативни намени, комерцијално – угостителски намени, хотелско сместување, индивидуално домување, расадници, детски и младински центри, градска плажа, авто камп и парковски површини. Овиој план конечно се реализираат во 1978г. со изградбата на на вештачкото езеро Треска и неговиот туристичко рекреативен комплекс. Подвигот е овозможен преку самофинансирање од страна на граѓаните, кои донираат средства за градење на неколку вакви јавни простори кои би го подобриле квалитетот на живот за целата заедница. Проектот започнува со позиционирање на езерото Треска на местото „Кривина“, кое и претходно било најпопуларното излетувалиште за Скопјани. Структурата претставува бетонски базен кој се полни со водата од р. Треска, преку систем на пумпи и водоводна мрежа. Неговата површина е 13 хектари, а има капацитет дури за 10.000 капачи. Содржи и систем за прочистување преку таложници, вештачка акумулација и пречистителна станица. Околу езерото се поставени спортско рекреативните содржини на комплексот: игралишта, базени, плажи, паркови, шеталишта, бифеа и киосци. Во склоп на оваа програма, вклучен е и камп простор за приколки и шатори со капацитет од 500 корисници. Сите овие програми се меѓусебно поврзани со пешачки патеки и опкружени во високо зеленило. Оваа успешна приказна на партиципативно урбано планирање трае многу кратко. Во 1998г, само 20г. по неговата изведба, водите на езерото Треска беа прогласени за штетни за капење. Последователно започна и затворање на останатите делови од комплексот. Езерото стана базен за таложење на загадените води, достигнувајќи највисок степен на бактериолошка контаминација кој не дозволува конзумирање, капење, наводнување или било какво користење поради загрозување на човечкиот живот. Од неговото затворање до денес се правени низа обиди за реактивирање на езерото, кои секогаш завршуваа неуспешно. Скопје кое некогаш се гордееше со природната плажа Кривина, сега тагува по минатите времиња и е град со четири реки, две езера и ниту еден пристоен простор каде што можат да се разладуваат скопјани.
Пештера извор Коритиште или Врело е лоцирана во каноњот Матка од десната страна на реката Треска. Пештерата е систем од пештери, една над водата и друга под водата и езеро. На таванот е дожд од сталактити, а не помалку зачудуваат неколкуте столбови. Посебно воодуушевуваат столбовите близнаци кои се високи одолу 6 метри и се со кристална бела боја. Во длабочината се наоѓаат две езера, Мало и Големо езеро со својата таканаречена Руска плажа. Плажата го добила името по тоа што во езерото, први се бањале руски пилоти вработени во македонското воздухпловство. Малото езеро има форма на осмица, во најширокиот дел има должина од 8 метри, а должината и длабочината му се 15 метри, додека Големото езеро има должина од 35 метри, широчина од 15 метри, а длабочина од 15-18 метри. Присуството на сталактити во водата, укажува дека порано во пештерата немало вода. Оваа констатација ја потврдува еден спелеолог и информира дека езерата се создадени по изградба на акумулацијата Матка во 1936 година. Во пештерата има и таканаречена концертна сала од чија лева страна се таканаречените пишани камења. Станува збор за систем од знаци, можеби и за писмо за чие толкување и дешифрирање треба стручна помош. Во текот на 2008 година спелеонуркачка експедиција составена од врвни нуркачи од повеќе земји во светот започна со изтражување на оваа пештера. Експедицијата се обиде да ја потврди теоремата, дека оваа пештера е најдлабока во Европа, а можеби и во светот. Пештерата Коритиште важи за една од најубавите подводни пештери во Европа која се карактеризира со голем број на сталактити и сталагмити, потоа со две езера, Големото и Малото, концертна сала и сл. За најдлабока пештера во светот се смета Бушмановата дупка во Јужна Африка со длабочина од 282 метри што преставува и светски и гинисов рекорд во нуркање во длабочина во пештери. Во 2008 година пештерата се наоѓање на 71 место по длабочина во светот со 100 метри, но со понатамошните изтражувања изведени во 2009 година пештерата дистигнал длабочина од 192 метри и се наоѓаше на 14 место во светот по длабочина на пододни пештери. Со последните изтражувања изврешени во 2011 година стигнато е до длабочина од 220 метри, но нуркачите се сигурни дека пештерата е подлабока. Оваа пештера истотака беше и номинирана за избор на седумте светски природни чуда. На 12 Август 2011-та година, пештерата Коритиште беше подготвена за туристи.

Ден 18 април 2025

00:01:17