Камениот саркофаг со посмртните останки на македонскиот револуционер Гоце Делчев се наоѓа во дворот на црквата За вечното почивалиште на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ се знае речиси се, освен можеби најважното – кој е автор на паметникот!? Веќе речиси цели седум децении откако во белиот камен саркофаг се ставени коските на Делчев по нивното враќање од Бугарија во 1946 година, трае енигмата за тоа кој, всушност, е уметникот што го смислил и го направил ова обележје длабоко вградено во колективната меморија на целиот македонски народ. Со години траат обидите да се дознае авторството, но залудно. Она што е собрано како сознание е само претпоставка без уверливи докази што би биле поткрепени со некои документи. Kој и од кого бил определен како автор на споменикот останува енигма за чиј одговор нема никакви пишани документи во архивите на тогашната нова власт дојдена по победата во Втората светска војна. Документи нема ниту во Државниот архив, архивите на општините, градот Скопје, а упатените во ова претпоставуваат дека можеби се некаде надвор од Македонија, во Белград или на друго место. Од информациите со кои се располага можниот автор треба да се бара меѓу еден од двајца Словенци, кои како архитекти или нешто слично во тој период 1945/46 година работеле во Скопје. Наводно, тогаш бил распишан јавен конкурс за изработка на камениот саркофаг на кој имало повеќе пријавени трудови. За најдобро е избрано ова решение што и се направило. Но, никаде нема документи од конкурсот, кој с` учествувал и одлуката за избор на постојниот саркофаг. Во тој период имаше повеќе Словенци што беа дојдени во Македонија за разни цели. Детаљно е прегледан целиот камен саркофаг, односно неговиот надворешен дел. Никаде не е оставен потпис што би можел да послужи да го идентификуваме авторот. Постојат индиции дека делото го направил некој Хрват од Далмација. Претпоставка е дека тој бил резбар кој работел во Скопје и дека од надлежните добил задолжение да го направи камениот саркофаг. Според некои сознанија, не бил скулптор, туку се занимавал со изработка на камени споменици за гробишта. Но, и за вакво тврдење нема докази. Во 2006 година објавена е посебна публикација посветена на 60-годишнината од пренесувањето на моштите на Гоце Делчев во Скопје. Во неа се наведува дека саркофагот бил готов во октомври 1946 година и дека е составен од блокови гранитен камен. Самата конструкција е обратно пирамидална бидејќи димензиите му растат од долу кон горе. Трите камени столбови на кои лежи саркофагот симболично ги претставуваат трите разединети делови на Македонија – Вардарскиот, Пиринскиот и Егејскиот – пишува во публикацијата.
Општина Кисела Вода Зафаќа површина од 46,86 км2 и се простира во југоисточниот дел на Скопската Котлина. На територијата на општината функционираат 13 месни заедници. Центар на неговата општина е истоимената населба. Општината се намалила во Законот за територијална поделба од 2004 година на 12 април 2005 година по оформувањето на Општина Аеродром кога за првпат била одржана седница на советот на оваа општина. Во рамките на општината егзистираат повеќе спортски клубови кои успешно се натпреваруваат во сите македонски лиги. Во границите на Општина Кисела Вода постојат повеќе цркви и манастири кои се главно туристичко одредиште во овој регион. Во 1955 година, Општина Кисела Вода го опфаќала подрачјето на десната страна по средината на реката Вардар, почнувајќи од границите на Општина Идадија па се до тогашниот крај на Скопје во правец кон Драчево, вклучувајќи ги во Општината и населените места Горно Лисиче и Усје. Седиштето на Народниот одбор на Општината било во Кисела Вода, Скопје. Општина Кисела Вода е една од најголемите индустриски зони во градот Скопје со значителен континуиран подем во последните 5 години. Бројот на економски субјекти според стопанските гранки кои делуваат на територија на општина Кисела Вода се: 490 во хотели и ресторани. Најважни стопански гранки во општината се хемиската индустрија, транспортот и шпедицијата, градежништвото, прехранбената индустрија и производството на безалкохолни пијалаци, трговската и услужната дејност.
