домаГУГУТКА ГУГАГугутка Гуга - Селата во Македонија - Ц В Е Т О...

Гугутка Гуга – Селата во Македонија – Ц В Е Т О В О

Селото Цветово се наоѓа во областа Торбешија. Поточно, Цветово се наоѓа во југозападниот дел на Скопската Котлина во горното сливно подрачје на Маркова Река во рамките на територијата на Општина Студеничани[2]. Расположено е на падината на Мокра Планина во изворишниот дел на потокот Цветовска Река, која како десна притока на Маркова Река[3] се влева во неа непосредно кај Марковиот манастир. Селото Цветово е сместено во мало седло – преслап веднаш под самиот врв наречен Пијанче (1170 м.н.в.) на огранката на Караџица и масивот Мокра која се нарекува Темна Бука. Цветово е видливо и се гледа директно во права линија од крстот на врвот на Водно. Според ваквата местоположба селото е планинско на надморска височина од 820 метри[2]. Од градот Скопје е оддалечено 33 километри[2]. Во Цветово се разликуваат главниот селски дел наречен Село кој се состои од Рамчевско, Шундевско, Рабовско, Скендеровско, Шабановско и Исовско маало и двете оддалечени маала Лениште, Стругарска Река и Рамниште основани пред 150, 85 и 102 години. Првите две се оддалечени околу 1 час одење јужно од селото, поради што тоа има разбиен тип[3]. Сепак, овие оддалечени маала како Лениште или „старо Цветово“ денес имаат по мал број на куќи во кои не живее постојано население туку само привремено престојуваат неговите жители за извршување на сточарски потреби поради зарамнетите услови на теренот и поширокото пространство. Маалата Лениште и Рамниште се наоѓаат на коњскиот и планинарските патеки кои водат кон бачилата на Празни Торба и планинарскиот дом „Караџица“ и околу нив има поила за стока.
Името на селото Цветово е потекло и значење на македонски јазик, кој е мајчин и говорен на жителите на селото. На името Цветово соодветствува и самата природа на околината која има изобилство на цветни ливади исполнета со најразновнидни планински цвеќиња и цветни растенија. Сепак постојат и неколку народни преданија, кои се поврзуваат со лични имиња и историскиот периодот кога во селото живееле христијани. Едно народно предание за настанокот на името забележал П. Скок, во кое се вели дека во овој крајв во дамнешното минато живееле тројца браќа Будим, Умар и Цветан кои се заселиле и ги основале селата Будилово (на атарот на Умово), Умово и Цветово кое настанало од името на Цветан[3]. Јован Трифуноски забележал две верзии на народно предание поврзано со настанокот на името Цветово. Според едната која му ја кажале местни жители на селото, таму некогаш живеела некоја жена по име Цвета од која останало името на селото[3]. Во другата верзија која ја слушнал во блиското село Добри Дол наведува дека Цвета според која селото го добило името, останала како единствен жител на селото откако „Турците“ (муслиманите) ги истерале останатите селани – христијани.
Според составот на селскиот атар Цветово има мешовита земјоделска функција[2]. Земјоделството е главната стопанска гранка од која се издржува населението, но поради не многу поволните услови за негов развој, значаен број на жители се занимава и со разни други дејности надвор од селото во градот Скопје и странство. Од скромните услови за поледелство најмногу се одгледува грав со добар квалитет[7], потоа тутун, кромид и многу малку стрни планински жита. Поради поволните услови во поголема мерка е развиено сточарството, односно одгледувањето крупен добиток како крави, телиња, волови, коњи и магариња за кои има бројни поила и штали на падините северно и јужно од селото. Застапено е и овчарството за кое во летниот период селани од Цветово имаат бачила на месностите Празни Торба, Бегово Поле и Салакова Планина. Главни мајстори за правење на сирење и преработка на млекото – бачови на нивните бачила се постари Македонци христијани од соседните блиски села на јужната падина на Водно – Добри Дол, Сопиште, Ракотинци и Долно и Горно Соње кои во минатото имале свои заеднички бачила на овие места[8]. Поради поволните услови Цветово е едно од неколкуте познати скопски села од овој крај кои се големи производители на јагоди, а значаен дел од жителите се занимаваат и со собирање на шумски плодови како капини, малини, шипинки и дренки кои заедно со гравот се продаваат на познати купувачи или на Зелениот пазар во Скопје[7]. Густите букови и дабови шуми на атарот јужно од селото кој се протега на падините на пределите Темна Бука, Празни Торба во поречието на Кадина Река на Караџица нудат услови дел од населението да се занимава и со шумарство и сеча на огревно дрво. Значаен дел од жителите се занимаваат и со други занаети како градежништво, плочкарство, ѕидарство, санитарија и трговија во градот Скопје, околните поголеми села и странство, пред сѐ во западна Европа.
Во селото се наоѓа селската џамија, а во близина е Цветовска Река.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 809 жители, од кои 1 Албанец, 592 Турци, 1 останат и 215 лица без податоци.

Ден 18 април 2025

00:01:17