домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАзбука на Скопје - Кадина река

Азбука на Скопје – Кадина река

Кадина Река се наоѓа меѓу планините Китка и Голешница, јужно од Скопје. Извира под врвот Убава во месноста Јуручка Карпа, на источната страна на масивот на Мокра Планина на 1900 м н.в, а во Вардар се влива во Таорската Клисура на 212 м.н.в. Таа е десна притока на Вардар долга 34 км со вкупна сливна површина од 184 км2. Високо во изворишинот дел каде што се спојуваат четирите бујни, брзи и бистри речни потоци Јуручица, Алиагица, Салаковска Река и самиот истек од изворот на Кадина Река, таа го добива својот главен тек кој во целост е со изразит планински карактер. Кадина Река со своето течение и потекло има и големо хидрогеолошко значење и се наоѓа на Листата на издвоени локалитети на значајно геонаследство. Во Планот за развој на транзитниот и алтернативниот туризам во Вардарскиот плански регион како и во планот за заштита на природата на Вардарскиот плански регион се спомнува можноста за заштита на високите подрачја на планинскиот масив Јакупица особено изворишните делови на Кадина Река. Според Стратешкиот план на Град Скопје зелениот појас кој ја следи Кадина Река во својот долен тек е од голем придонес за квалитетот на животната средина во Скопје и тој треба дополнително да се развива и штити.

Ден 18 април 2025

00:01:17