Азбука на Скопје – Козјак и Карпош
- Козјак Акумулацијата со површина 1.200 ха, долго е околу 32 километри, со длабочина од 130 метри, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнесува 400 метри. Се наоѓа на идеална надморска височина од 470 метри со вкупен волумен од 550 милиони м3 вода и корисен волумен од 260 милиони м3. Има најбогат рибен фонд. Основата на браната е 500, а круната или врвот 310 метри. Тоа е најдолго вештачко езеро во државава. Според атракцијата и функционалноста на езерото, неспоредлива е изградбата на таканаречениот воден лифт, таму каде што етапно ќе се регулира водостојот на водата во езерото. Оваа огромна инка за зауздување на водите во најголемите дождовни периоди е втора по функција во светот, бидејќи ја градеа истите кинески експерти што ја граделе и проектирале најголемата светска брана на Жолтата Река во Кина.
- Карпош Петар, непокорен ајдутин, предводник на големото народно востание од 1689 година против Османлиската Империја, познато како Карпошово востание, во кое биле ослободени териториите на Крива Паланка, Кратово и Кумановско. Се прогласил за крал на Куманово. Набиен е на колец од страна на Османлиите на Камениот Мост во Скопје во 1689 година. Во чест на предводникот на востанието, Карпош, општина во градот Скопје го носи неговото име, додека плоштадот на левиот брег од Вардар пред Камениот мост го носи името “Карпошово востание”. Исто така на средина на Камениот мост е поставена плочa во негов спомен. Плочата го носи следниов текст (испишан на македонски и англиски): “КАРПОШ – Водачот на големото народно востание од 17 век, Споменикот на Карпош, е поставен на источната страна од Камениот мост, на левиот брег на Вардар.