домаАЗБУКА НА СКОПЈЕАЗБУКА НА СКОПЈЕ - КЕЈОТ НА СКОПЈЕ/КЕНЗО ТАНГЕ

АЗБУКА НА СКОПЈЕ – КЕЈОТ НА СКОПЈЕ/КЕНЗО ТАНГЕ

КЕЈ – Градењето на новиот кеј, според Рафаил Влчевски, еден од неговите творци, се случувало во време кога последиците од поплавите на Скопје биле се’ уште свежи и кога било јасно дека на градот му треба ефикасна заштита од Вардар. Обединетите нации, го платиле изработувањето на идејниот проект. Дотогаш Скопје имало мало и несигурно регулирано корито од нафрлани камења и земја, кое, како што покажала и историјата, воопшто не го заштитувало градот од надојдените води на Вардар. Изградбата на кејот, кој денеска е во должина од 20 километри, од мостот во Сарај до утоката на Маркова Река во Вардар, започнала во 1969 година, според проектот изработен од домашни стручњаци во Заводот за урбанизам и архитектура на град Скопје. Изградбата траела околу три години. Ширината на големото корито е променлива и се движи и до 100 метри, а малото корито е широко 45 метри, освен кај Камениот мост, каде што е 60 метри. На целиот потег се проектирани девет каскади, секоја со висинска разлика од еден метар. Пропусната моќ на коритото на Вардар е 62.900 кубни метри вода, во споредба со 1.600-те кубици што го поплавија Скопје во 1962 година.
Кензо Танге: „Планот за Скопје беше голем план, главен план за реконструкција на град разурнат од елементарна непогода. Постоеше чувство на итност и одговорност да се намали тешкотијата што ги опфати луѓето што живеат тука“.Првиот ангажман што светски познатиот архитект Кензо Танге го добил надвор од родната Јапонија бил токму урбанистичкиот план за централното градско подрачје на нашата метропола. Тоа е еден вид бренд на Скопје и едноставно, синоним за архитектурата. Тој замислил драматичен “Градски ѕид” кој како континуиран станбен блок наликува на средновековна тврдина, по формата сличен на реалните остатоци од урнатините на средновековниот град; како форма на заштита против непријателот и јасна поделба на надвор од и внатре. Како проект-менаџер со ова тело раководел г. Адолф Циборовски од Полска. Во 1965 година свикан е интернационален конкурс на поканети автори. Учествуваат: Бакема и Ван ден Брук (Холандија), Александар Ѓорѓевиќ (Србија), Македонијапроект (Македонија), Луиџи Пичинато (Италија), М.Ротивал (САД), Е.Равникар (Словенија), Мишевиќ – Венцлер (Хрватска) и К.Танге (Јапонија). На 25 февруари 1966 година Танге склучува договор со Обединетите нации (број на договор: ЦОН 26/66) за консултант при изработка на Деталниот урбанистички план за централното градско подрачје на Скопје.

Ден 18 април 2025

00:01:17